Најелегантните стјуардеси во Европа

Според истражувањето на „Скајскенер“ униформите на стјуардите и стјуардесите на руската авиокомпанија  „Аерофлот“ се прогласени за најелегантни во Европа.

aeroflot

Стјуардесите носат портокалов костим во комбинација со бели ракавици во летниот период и темносин костим во зимскиот период. Една униформа чини 1 500 долари.

Погледнете кои се останатите европски авиокомпании кои имаат стилски стјуарди  и стјуардеси!

BRITISH AIRWAYS

british

Униформите на персоналот на британската компанија се дизајнирани од страна на познатиот дизајнер Џулиан Мекдоналд и се класичен модел составен од темно – сино здолниште или панталони, бела кошула и црвена марама.

LUFTHANSA

lufthansa

Костимите на оваа авиокомпанија се менуваат на секои 10 години. Последната промена била 2003 година и оттогаш жолтата боја е карактеристична за нивните модели. .

AIR FRANCE

air france

Целосното ребрендирање на француската авиокомпанија во 2005 година подразбирало и комплетна промена на костимите на стјуардите и стјуардесите.

За облеката на вработените биле инвестирани 20 милиони долари, а истата е дизајнирана од познатиот Кристијан Лакроа.

FINNAIR

finaar

Стјуардесите на финската авиокомпанија во нови костими се појавија во 2011 година. Костимите се во традиционалните бои на Финска – сината и белата.

FLYBE

flybe

Оваа британска авиокомпанија за костимите на своите вработени се одлучила за црвената боја. Моделите, во свое време, се рекламирани од Кели Брук.

TURKISH AIRLINES

turkish

Сино – белите костими на стјуардесите на турската авиокомпанија се разубавени со марами со традиционални шари.

ALITALIA

alitalia

Соработниците на оваа италијанска авиокомпанја се во зелени униформи кои уште во 60 – тите се дизајнирани од познатата дизајнерка Делиа Баџоти. Оттогаш истите модели неколку пати се менувале во сини, а денес стјуардесите се облечени во сини здолништа и зелени палта.

EASYJET

easyjet

Едни од најпрепознатливите униформи имаат стјуардесите на оваа авиокомпанија. Патниците сметаат дека станува збор за ведра боја на костимите, но од друга страна стјуардесите поради впечатливата портокалова боја наликуваат на спасители.

RYANAIR

ryanair

Едноставните темно – сини костуми со строг крој се карактеристични за стјуардесите на оваа компанија, но за рекламните постери и календари на компанијата тие се појавуваат само во долна облека.

- Реклама -