Наједноставен начин за добивање подолготрајна батерија

Често добиваме чувство дека батеријата на нашиот телефон е празна веднаш штом ќе излеземе од дома. Еве го најочигледното решение за тој проблем – iBattz создале нова кутија за iPhone 5 која овозможува прикачување на дополнителна батерија.

Тенката 2500 mAh Mojo Hi5 Powerbank Case чини 80 долари и е достапна во бела и црна боја. Логично оваа кутија ќе ја продолжи издржливоста на батеријата за 100 проценти и ќе биде достапна од 1 декември.

Hi5 е совршено решение, дизајнирано за iPhone 5. Инспирирана од минималистичкиот дизајн на телефонот iBattz ја создале најтенката дополнителна батерија од алуминиумско тело кое се прикачува на телефонот. Првокласните финиш и форма му овозможуваат на Hi5 да се интегрира совршено со телефонот.

- Реклама -