Најдовме ли блиска планета „близначка“ на Земјата?

kepler-452b-planet-artistconcept-beautyshot[1]

Се очекува дека кон крајот на август, астрофизичарите од Европската вселенска опсерваторија (ESO) да објават дека откриле нова егзопланета, „близначка на Земјата“, и тоа во орбитата околу ѕвездата Проксима Сентаури – што е нашиот најблизок Сончев систем, пишува германскиот Шпигл.

Новата планета, која сé уште нема име, веројатно има услови за живот, и „на неа би можела да постои течна вода“, што е важен услов за постоење на живот.

Досега астрономите никогаш немаат откриено „сестринска“ планета вака блиску до Земјата, оддалечена на само 4.24 светлосни години.

Портпаролот на ESO – Ричард Хук, потврди дека е запознат, но не сакаше да зборува на темата. Еден друг извор од ESO пак, кој останува неименуван,  за Шпигл рекол дека „пронаоѓањето на тоа вселенско тело било многу тешка задача“, и дека „биле на граница на она што е технички возможно да се измери“.

Пред околу една, NASA исто така откри егзопланета слична на Земјата, но многу далечна – 1400 светлосни години. Таа ја нарекоа Кеплер-452b, со радиус 60% поголем од Земјата, а за која има добри шанси да е карпеста, да има густа атмосфера и голема количина на вода. Кеплер-452b е дел од дванаесетте нови егзопланети сместени во последниот каталог на откритија обавени од вселенскиот телескоп Kepler.

За некоја егзопланета да биде впишана во листата, мора да има барем два пати поголем периметар од Земјата, мора да биде во орбита на некоја од ѕвездите надвор од Сончевиот систем, и со изгледи на нејзината површина да има вода во течна состојба, со што планетата би се сметала за потенцијално вселива.

- Реклама -