Фејсбук може да биде добра алатка за да бидете во контакт со луѓето кои ви значат нешто, но од друга страна може да биде и потсетник зошто некои луѓе ви одат на нерви. Сигурно сте налетале на некој од нив – најиритирачките личности кои можат да се сретнат на Фејсбук.
Фејсбук може да биде добра алатка за да бидете во контакт со луѓето кои
ви значат нешто, но од друга страна може да биде и потсетник зошто
некои луѓе ви одат на нерви. Сигурно сте налетале на некој од нив –
најиритирачките личности кои можат да се сретнат на Фејсбук.
Дозволете-ми-да-го-споделам-со-вас-секој-досаден-детаљ-од-мојот-живот тип
Нивниот статус се менува на секои пет минути: „Се разбудив“, „Досадно ми е на работа“, „Јадев тоа и тоа за појадок.“ Ниеден момент не е толку безначаен за овие луѓе кои сметаат дека секој детаљ од нивниот живот треба да му го откријат на светот.
Фалбаџија
ОК, сите ние некогаш сме постирале за некое наше достигнување. И нормално, бидејќи најверојатно вашите пријатели сакаат да знаат за десетката што сте ја добиле на испит. Но кога речиси СЕКОј апдејт е линк до вашиот блог, вашето поетско читање или наградата што сте ја добиле, веќе почнувате да звучите фалбаџиски или како егоцентричен кариерист.
Колекционер на пријатели
Просечниот корисник на Фејсбук има по 120 пријатели. Да речеме дека сте од оние дружељубивите, па имате 300 или 400, но 1.000 пријатели на Фејсбук? Освен ако не сте Џорџ Клуни или некој што добил премија на лотарија, никој нема толку многу пријатели. Тоа е само за покажување.
Разгласувач на вести
Мајкл Џексон е мртов!!! Ја сум прв кој ќе ви ја открие веста па можете да кажете дека сте го слушнале тоа од мене. Од мене и од 243.000 други луѓе кои гледале вести на ТВ. Ова се типовите заради кои многумина од нас ги дознаваат вестите на денот не од ТВ или од другите медиуми туку од социјалните мрежи. Во брзањето за да ја разгласат веста, истите овие шират обични трачеви, полувистини и шпекулации.
Демнач
Овие воајеристички типови се премногу внимателни, или можеби мрзливи, за да го апдејтуваат својот статус или да напишат нешто на вашиот ѕид. Но одвреме-навреме, ќе разговарате со нив, и тие ќе спомнат нешто што сте постирале, па така знаете дека тие се на вашата страница, криејќи се во сенка. Тоа е малку морничаво.
Намќор
Овие типови се слични на оние кои сеат омраза во коментарите на блоговите или форумите. Никогаш не се нашло нешто за кое тие не можат да се пожалат, а тоа радо ќе го кажат во статусот.
Папараци
Ви се случило некогаш да го отворите вашиот профил и да откриете дека некој ве тагирал на фотографија од забавата од минатата недела, без ваша дозвола и без воопшто претходно да сте ја виделе таа фотографија? Порадо не би им објаснувале на вашите роднини или колеги на Фејсбук зошто на фотографијата зјапате како пијана хиена и бакнувате шише пиво.
Хроничен испраќач на покани
Поддржи ја мојата кауза. Потпиши ја оваа петиција. Играј Mafia Wars со мене. Кој лик од Сексот и градот си? 25 нешта за мене. Кој пијалок си? Ја отворив Пандорината кутија и добив секси девојка? Што има во твојата Пандорина кутија? Кој парфем си? Која боја си? Го решив квизот „Што си бил во претходниот живот“ и открив дека сум Нефретити? Што си бил ти во претходниот живот?
Веројатно не мислиш ништо лошо, но престани веќе. Само престани. Не ми е гајле што сум бил во претходниот живот – може едноставно само да бидеме пријатели?