Уништувањето на четките за шминка, брзото растење на влакната по бричењето и размачканата маскара се само дел од најдосадните проблеми на убавина. Еве како може да се ослободите од нив.
1. Четката за нанесување шминка изгледа уништено по само неколку месеци употреба
Веројатно не ја чистите доволно често. Доколку шминката остане на четкичката подолго време, може трајно да ги оштети влакната. Како ја сушите четката е исто така важно. По плакнењето, оставете ја да отстои на хартија.
2. Единствениот коректор кој успева да ги покрие темните кругови околу очите е премногу впечатлив
Натрупување тежок крем-коректор не е најдобар начин за покривање на темните кругови околу очите. Течната формула се апсорбира полесно и ги покрива круговите без да изгледа пренатрупано и вештачки.
3. Сјајот за усни создава бели кругови во внатрешноста на усните
Тоа се случува кога усните се суви и честичките се заробени во набори. Направете краток пилинг пред да нанесете сјај на усните, или, пак, користете природен балзам за усни со сјај.
4. Влакната се појавуваат на кожата многу брзо по бричењето
Понекогаш малечки влакна се заробуваат под површината на кожата. Лесен пилинг пред бричењето ќе ги ослободи поткожните влакна и слободно ќе може да се отстранат со еден замав. Ако имате бодликави влакна, користете крем со глицерин за да ја омекне кожата.
5. Само неколку часа по нанесувањето маскара, се појавуваат траги на очните капаци
Тоа се случува затоа што маскарата лесно може да остави траги кога ќе дојде во контакт со маснотиите од кожата. Ако не планирате да носите сенка на очите, обидете се пред да нанесете маскара, на капаците да ставите течна пудра, а врз неа да нанесете малку пудра во прав.
6. И покрај вечерното миење, наутро шминката останува на лцието
Обидете се со нов гел за чистење. Пробајте од оние врз база на природно масло, или измијте го лицето со регуларниот гел, а потоа поминете со памук на кој претходно ќе нанесете тоник за целосно да ги отстраните сите остатоци од шминка на лицето.
8. Тенки кратки влакна околу челото кои постојано се креваат нагоре
Скротете ги влакната така што на чиста четкичка за заби ќе нанесете спреј за коса и ќе го поминете делот околу челото.
9. Со текот на времето, несесерот со шминки изгледа неверојатно валкано
Кога се шминкате, прстите ви се покриени со креми и пудри, и остатоците од нив секогаш завршуваат на торбичката за козметика. Многу лесно може истите остатоци и бактерии да завршат на вашето лице. Добро ќе ви се најдат антибактериски марамчиња кои секогаш ќе ги чувате во близина. Не заборавајте да ја дезинфицирате шминката и алатките кои ги користите при шминкање.
10. Депилацијата на влакната над усните резултира со црвенило и нерамнини
Кожата веројатно реагира на некоја состојка од восокот или триењето што се случува кога го отстранувате. Нанесете неколку капки крем од хидрокортизон на местото, и следниот пат користете природен восок базиран на шеќер. [Most Annoying Beauty Problems Solved]