Зарем има поубаво чувство од сознанието дека од хотелската соба ве очекува поглед на пространите плантажи со лозје по кои можете да шетате со велосипед, во текот на денот можете да се релаксирате со СПА третмани со грозје, а вечерта ви е резервирана за дегустација на разни сорти на вино?!
За сите љубители на вино ги претставуваме 5 -те најдобри вински хотели во Европа!
LE SOURSES DE CAUDALIE – Франција, Бордо
Le Sourses de Caudalie е првиот ваков хотел во Европа, отворен во 1999 година. Лоциран е во југо – западна Франција, на 20 км од градот Бордо. Во склоп на хотелот работат два ресторани каде се дегустираат разни сорти на вина и кулинарски специјалитети, како и СПА центар во кој се вршат релакс – процедури на основа на вино. Цената за едно ноќевање изнесува околу 217 евра.
CHATEAU DE BAGNOLS – Франција, Божоле
Замокот бил прогласен за најдобар вински хотeл за 2010 година. Зградата која датира од 13. век се простира среде лозје на југо – источното француско крајбрежје. Освен традиционалните прошетки низ лозјето, гостите имаат можност за летање со воздушен балон. Цената за едно ноќевање изнесува 387 евра.
MARQUES DE RISCAL – Шпанија, Алава
Marques de Riscal е најдобриот вински хотел во Шпанија, поточно во провинцијата Алава. Хотелската зграда е архитектско ремек дело, а на гостите им се нудат екскурзии по плантажите со лозје, како и посета на еден од најголемите вински музеи во Европа, музејот на династијата Виванко. Цената изнесува 387 евра за едно ноќевање.
L’ANDANA HOTEL – Италија, Тоскана
Имотот со лозје е популарен не само благодарение на убавите плантажи туку и на раскошниот ентериер на хотелот.
Тука се наоаѓа ресторанот „Trattoria Toscana“, каде се нудат часови по готвење. Гостите на располагање имаат и СПА центар, голф – терен како и возење со велосипед и јавање. Цената е 550 евра за едно ноќевање.
AQUAPURA DOURO VALLEY HOTEL – Португалија
На брегот на реката Доуру, на некогашен фармерски имот, се простираат најстарите лозови плантажи. Станува збор за првиот хотел во Португалија со шест ѕвездички. За разлика од гореспоменатите ресторани, тука освен локалните сорти на вино можете да порачате и светски познати сорти на вино. Цената е 155 евра за едно ноќевање.