Google Street View сѐ уште нуди најдобра покриеност на градовите и знаменитостите со панорамски слики од 360 степени кои повикуваат на виртуелно патување, но постојат повеќе конкурентни страници кои се фокусираат на поединечни локации.
Google Street View сѐ уште нуди најдобра покриеност на градовите и знаменитостите со панорамски слики од 360 степени кои повикуваат на виртуелно патување, но постојат повеќе конкурентни страници кои се фокусираат на поединечни локации.
Google не води во центарот на Њујорк, Париз и Лондон и другите светски метрополи, а меѓу најдобрите алтернативни страници за патување со помош на глушец и монитор, според изборот на веб сајтот Mashable, се наоѓаат:
City8
Страницата во својата база нуди стотици фотографии од повеќе од 40 кинески градови. Не е прилагодена на странските јазици, па навигацијата е малку отежната, но не и невозможна.
NORC
NORC ги покрива градовите од источна и средна Европа, т.е. поголемите градови во Австрија, Полска, Чешка, Романија, Словачка, Унгарија и Русија. Страницата одредени слики прикажува во три димензии, па во нив можете посебно да уживате доколку имате 3Д очила.
MapJack
Страницата нуди добар избор на одредени локации на западното крајбрежје на САД и делови од Тајланд. Доколку не сакате големи корпорации зад кои стојат големи пари, MapJack е одлична алтернатива бидејќи зад целиот проект има повеќе ентузијазам отколку долари.
SightWalk
Гарманската страница ве води во Бон, Берлин, Дизелдорф, Хамбург, Келн, Минхен и Штутгард. Одлично е поврзана со Facebook и Twitter што овозможува размена на доживувањата со пријателите.