Најдобрите црно-бели огласи што ќе ги видите во печатен весник

Во денешно време ретко кој чита весници – барем не оние печатените на хартија, ако ги памтите…

Уште помалку некој ќе земе со големо внимание да листа по нивните страници за реклами, освен ако не бара некаков конкретен оглас.

Како резултат, во интерес на огласувачите е нивниот оглас да се истакнува меѓу другите. Тоа не е лесно кога сте ограничени од дводимензионален лист и особено кога на располагање имате само црно-бела страница.

Ама не е невозможно. Еве, видете го огласов на Фелипе Салазар (креативен директор) од Колумбија и како привлекува внимание. Ај што делува како да е 3D, туку и веднаш (или барем на втор поглед) знаете што продава – концепт за кујна.

Се потрудивме да најдеме уште примери. Ги нема многу. Во црно бело и со толку текст можат да поминат овие на Stihl, на пример.

Или овој на организација на лица со Алцхајмер.

Ова следново е посебно добар начин твојот оглас да штрчи – закупи ја целата страница, стави еден куп празни огласи, а вистинскиот стави го во средина. Ко Итар Пејо да го има смислено.

И се разбира, HBO и нивната реклама за Game Of Thrones.

 

- Реклама -