Пред да купите нов мобилен телефон треба добро да ја разгледате понудата, особено ако тоа го правите преку некој од мобилните оператори. Доколку се решите да склучите пост-пејд договор најдобро е да одберете претплата во која ќе добиете повеќе поволности според вашите потреби, а со тоа имате и попуст при купување на одреден мобилен телефон.
Во оваа анализа ќе ви ги претставиме најдобрите телефони до 10.000 денари во пост-пејд а според понудата на операторите навистина може да се најдат одлични телефони за тие пари. Претходно ви ги претставивме најдобрите телефони во Македонија до 3.000 и 8.000 денари, во кои најмногу се истакнаа ZTE Blade III и LG Optimus L7, па прочитајте кои се за нијанса подобри, но нешто поскапи телефони.
5. Sony Xperia E е еден од најдобрите мобилни телефони во средната класа а, има и можност за работа со две СИМ картички. Овој телефон има големина на екранот од 3.5 инчи и многу ниска резолуција од 320 на 480 пиксели што е и негова најголема слабост. Sony Xperia E пак може да се пофали со цврстиот дизајн и издржливата батерија која има капацитет од 1,500mAh. Работи на оперативниот систем Android Ice Cream Sandwich, 4.0.4, а се очекува и надградба до 4.1 Jelly Bean. Предност е што може да се најде кај македонските оператори по ниска цена или пак на рати.
4. Huawei Ascend Y300 е еден од најновите телефони во понудата и негова предност е новата верзија на оперативниот систем Android 4.1 Jelly Bean. Овој телефон има големина на дијагоналата на IPS LCD екранот од 4 инчи со резолуција од 480 x 800 пиксели што е сосема доволно за пристојна видливост. Понатаму хардверот е составен од дво-јадрен процесор со брзина од 1 GHz Cortex-A5, графика Adreno 203, 512 MB RAM, а има мемориски капацитет од 4 GB кои може да се надополнат преку microSD картичка до 32 GB. Неговата Li-Ion батерија има капацитет од 1730 mAh што е сосема доволно за дневна употреба.
3. HTC Desire X е еден од најдобрите телефони во оваа понуда. Како и секогаш тајванската компанија се грижи за добриот изглед и дизајн. Овој смартфон има Super LCD екран со големина од 4 инчи. Неговата резолуција изнесува 480 x 800 пиксели со густина на сликата од 233 ppi. Хардверот е многу сличен со Huawei Ascend Y300 а, може да се пофали и со камерата од 5 мегапиксели. Работи на Android OS v4.0.4 Ice Cream Sandwich. Неговата Li-Ion батерија има капацитет од 1650 mAh.
2. HTC 8S е вистинско освежување во оваа понуда и сосема заслужено се наоѓа на второто место. Тоа се должи на фактот што е еден од најевтините телефони со оперативен систем Windows Phone 8 кој може да го пробате доколку не сте задоволни од Android. HTC 8S e втор по квалитет телефон со Windows Phone 8 и е многу поевтин во однос на претставниците на Nokia Lumia. Ниската цена не значи и помал квалитет, бидејќи поседува речиси идентични хардверски компоненти. Може да се издвои S-LCD екранот со големина од 4 инчи, како и камерата од 5 MP со автофокус, LED блиц и можност за снимање видеа со HD резолуција од 720p и 30 fps. Хардверот е составен од двојадрен Snadragon S4 Plus процесор со брзина од 1 GHz, графичка Adreno 305 GPU, 512 MB RAM и 4 GB меморија која може да се надополни до 32 GB преку мемориска картичка microSD.
1. LG Optimus L7 II е најновиот смартфон на корејската компанија, кој е наследник на добро познатиот Optimus L7. Предноста на овој телефон е што работи на оперативниот систем Android 4.1 Jelly Bean. Тука е и неговиот одличен дизајн кој има компактни димензии и тежи само 118 грама. Екранот е со големина на дијагоналата од 4.3 инчи со густина на сликата од 217 ppi. Хардверот е составен од дво-јадрен Qualcomm Snapdragon SM8225 процесор со брзина од 1 GHz Cortex-A5, графика Adreno 203, 4 GB вградена меморија со слот за microSD картичка и 768 MB RAM. Најголема предност на LG Optimus L7 II е одличната камера од 8 мегапиксели со автофокус, LED блиц и голем број на дополнителни опции. Исто така е опремен со одлична Li-Ion батерија која има капацитет од 2460 mAh. Со овие епитети LG Optimus L7 II си го заслужи првото место, а треба да се истакне дека неговата цена во зависност од претплатата се движи од 3.000 до 10.000 денари кај македонските оператори.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk