Најдобрите седишта во прва класа

First ClassИма три типа на луѓе кои патуваат во прва класа, бизнисмени кои патуваат на сметка на компанијата, богатите и славни ии оние кои цел живот штеделе за да можат да си го дозволат најдобриот одмор во животот. Во која категорија и да припаѓате, ова се десетте најдобри седишта за патување на височина од 10 километри.

Има три типа на луѓе кои патуваат во прва класа, бизнисмени кои патуваат на сметка на компанијата, богатите и славни ии оние кои цел живот штеделе за да можат да си го дозволат најдобриот одмор во животот. Во која категорија и да припаѓате, ова се десетте најдобри седишта за патување на височина од 10 километри.

First ClassEmirates

Седиштата всушност се мини апартмани кои имаат лизгачки врати за комплетната приватност и има индивидуален просотр за складирање за секој патник, како и личен мини бар.

First ClassCathay Pacific

Оваа авиокомпанија нуди седишта кои се претвараат во кревети, прегради за приватност и „апартмани за спиење“. Сон на секој патник е да има свежо зготвен оброк на авион, па затоа Cathay во своите авиони има кујни опремени со шпорети.

First ClassSingapore Airlines

Авиокомпанијата тврди дека ги нуди најшироките седишта, со ширина од 89 сентиметри, и најголемите монитори од 23 инчи. На патниците им се доделуваат апартмани за спиње уредени од Живанши со седишта кои се претвараат во кревети со чаршави и перници. А за освежување добиваат избор помеѓу Дом Перињон и Кург шампањ.

First ClassLufthansa

Новите кабини за прва класа на Lufthansa се опремени со седишта кои се претвараат во кревети долги два метри, со монитори за секој патник и оброци подготвени од врвни готвачи.

First ClassJapan Airlines

Удобни седишта со воздушни џебови кои овозможуваат приспособување на вашето тело и вграден масажер се стандардни во првата класа на авионите од Japan Airlines.

First ClassEtihad

Со билет за Дијамантската Прва Класа на оваа авиокомпанија добивате и лимузина која ќе ве однесе до аеродромот и удобни седишта со вграден масажер.

First ClassVirgin Atlantic

Апартманот од Висока Класа има многу простор, разновидна опрема за забава, и седишта со ширина од 84 сентиметри.

First ClassQantas

Кревети, подршка за ’рбетот и прирачни контроли. Храната е подготвена од Rockpool, и опфаќа мени со осум оброци.

First ClassQatar Airways

Бидете третирани како ѕвезда со шоферска служба која ќе ве транспортира во луксузно BMW до аеродромот. А во авионот опуштетете се на седиштата кои се претвараат во кревети, и уживајте во квалитетен оброк со десет елементи.

First ClassAir India

Седиштата целосно се спуштаат. Авиокомпанијата додава голем број специјални детали за да се разликува од конкуренцијата.

- Реклама -