Вистинскиот мирис ќе направи да се чуствувате поубаво, посекси, во главно повеќе прекрасно- ние знаеме, па затоа ги издвоивме најдобрите. Избраните најдобри шест, безразлика дали ќе ги одберете за себе или за поклон, нема да погрешите во изборот.
1. Tory Burch парфем: „Суптилен мирис кој трае цел ден. Има многу убав, романтичен мирис, но не е премногу овошен или цветен. „Тој е како прекрасен поглед во форма на магла“, изјавила Викторија Кирби, директор за убавина.
2. Marni Rose парфем: Мирисот е многу елегантен, но исто така и сензуален. „Јас го носам Chanel Cristalle од својата 15-тта година, и ова е првиот парфем кој ми се допаднал исто колку тој. Почетната сензација од благи розни мириси брзо исчезнува, а тоа што останува е шумски мирис, а не прашкаст. Речиси потсеќа на машки парфем, што ми се допаѓа“, изјавила Одри Слатер, директор во мода.
3. Dolce & Gabbana парфем: Егзотичен мирис, но овој не е тежок. Зачаден и малку сладникав како Sophia Loren. „Не само што мојот маж го примети овој мирис, туку и ми го душкаше вратот цела ноќ и цело време ми кажуваше дека прекрасно мирисам“, изјавила Тифани Блекстон веб дизајнер.
4. Elizabeth Arden Untold парфем: Многу цветен и богат мирис. Кремавата гарденија мирисот е божествен и не премногу благ. „Многу зрел мирис, но не онаков што би носела мајка ми“, изјавила Ана Карадимас фотограф.
5. Maison Martin Margiela Replica Beach Walk парфем: Мек, деликатен, кокосов мирис кој потсетува на сончеви денови. „Мириса на оригиналниот Coppertone, само сто пати подобро“, изјавила Џулија Малакоф асистент директор на мода.
6. Sonia Kashuk Yellow Alluriana парфем: Свеж, чист и лежерен. Иако е лесен, има нешто секси во него. „Нота на грејфрутот навистина ме погоди кога го ставив, кое беше многу освежително и енергизирано“, изјавила Мариса Оливиа, асистент за убавина.