Најдобрите изуми за првата половина од годината

Желбата за подобрување на средината и условите во кои живееме отсекогаш ги мотивирале научниците.

Ви претставуваме некои од најинтересните изуми за 2015 година.

Со оглед на тоа што живееме во 21 век каде што технологијата толку напредна, па сето она што ќе го замислиме може да се преслика во реалноста, погледнете пет најинтересни изуми што се појавија во првата половина од оваа година.

1. Проѕирно чамче

Дали некогаш сте сакале да надгледувате што се случува под површината на морето, додека веслате? Сега и тоа е можно. Со вакво проѕирно чамче, целото искуство се искачува на едно повисоко ниво.

CGHIm1DWYAILPrm

2. 3D пенкало

Со помош на ова пенкало, можете да реализирате што и да замислите. 3D ефектот ви овозможува да бидете вистински уметници, па неопходна е само фантазија.

3. Висечки шатори

Ова е еден од најдобрите изуми во светот, наменет за љубителите на кампувањето. Шаторите овозможуваат подобар поглед, но и безбедност на камперите. Единствен недостаток е тоа што нивното поставување може да биде малку комплицирано.

4. Самолетечки дронови

Конечно е направен дрон кој е толку паметен, што воопшто не му е потребна контрола. Овој дрон има посебни сензори со чија што помош следи и снима, па дефинитивно ќе биде миленик меѓу фановите на селфи техниката.

5. 3D печатачи

Оваа машина го подигнува создавањето на 3D скулптури на повисоко ниво. За разлика од 3D пенкалото, овој печатар може да направи буквално се за кое што е програмиран: облека, уметничко дело, па се до оружје.

- Реклама -