Секој цртан филм си има свој дворски шут, но тоа не значи дека сите актери успеваат да направат добар лик од него. Видете дали оние кои ги паметите како најсмешни се на оваа листа и потсетете се на имињата на најдобрите позајмувачи на глас.
Секој цртан филм си има свој дворски шут, но тоа не значи дека сите актери успеваат да направат добар лик од него. Видете дали оние кои ги паметите како најсмешни се на оваа листа и потсетете се на имињата на најдобрите позајмувачи на глас.
Eddie Murphy и Mike Myers како Donkey и Shrek во Тhe Shrek films (2001, 2004, 2007)
Гласното здодевно магаре и големиот мил огар се одлично дуо со кое сите уживаме да се смееме. Сето тоа благодарение на гласовите на Eddie Murphy и Mike Myers.
Kathleen Turner како Jessica Rabbit во Who Framed Roger Rabbit (1988)
Jessica Rabbit е навистина секси, но без гласот на Turner едноставно немаше да биде незаборавната цртана femme fatale.
Holly Hunter како Elastigirl во The Incredibles (2004)
Ова е цртан филм кој успеа да влезе на листите на најдобри акциони филмови, а дел од заслугата има Hunter која беше одлична како мајка – супер херој.
Топлиот глас на чајникот Mrs. Potts и отмениот свеќник Lumiere се заслужни за две одлични музички сцени во Убавицата и ѕверот.
Кабаре Be Our Guest
Љубовта е родена
{youtube}cn-0tlmdyjY{/youtube}
Peter O`Toole како Anton Ego во Ratatouille (2007)
Мрачниот ресторантски критичар Его е најдобрата епизодна улога во овој одличен цртан филм на Pixar.
Добриот дух полн со ентузијазам, енергија, и глас кој се менува на илјада и еден начин е лик
кој вечно ќе се памти.
Кралот на лемурите бескрајно се сака себе и е бескрајно… глупав? Па, смешен секако е.
‘Shh! We’re hiding. Be quiet, everyone, including me. Shh! Who’s making that noise? Oh, it’s me again”
Самиот лик на Z, невротичен и незадоволен од системот, едноставно не остава простор за друг глас.
Овој цртан филм имаше еден екстремно мрачен лик, Jeremy Irons како Scar, и еден екстремно смешен лик. Тоа е веселиот Timon, кој стана таков благодарение на Nathan Lane.
John Leguizamo како Sid во Ice Age (2002)
Овој одличен цртан филм го донесе Сид, мрзливецот кој напуштен од својата фамилија, преку многу грешки и смешки ќе си го најде местото меѓу тигарот и мамутот, како и во срцата на гледачите.
Првиот долгометражен филм на Pixar ни ги претстави каубоецот Woody и Buzz Lightyear, кој не сфаќа дека е играчка. Tim Allen е фантастичен и одлично се надополнува со саркастичниот Hanks.
Buzz: ”I’ve set my laser from stun to kill.” Woody: ”Ah, great. Great. Yeah, and if anyone attacks us,
we can blink ’em to death.”
Едниот е голем и мирен, а другиот е малечок и брзоплет. Овие двајца пријатели се чудовиштата кои сите ние ги засакавме во Monsters, Inc. и за среќа, Goodman и Crystal направија уште едно кусо враќање како истите ликови.