Во понеделникот утрото или вечерта, во зависност од кој дел на планетава, светот имаше можност да ја види најголемата полна месечина годинава – наречена супермесечина, која овој пат светеше најголема и најсилна во последниве ~70 години, од јануари 1948 година.
Супермесечината на 14 ноември беше околу 14% поголема и 30% посветла од нејзината најмала видлива големина, наречена микромесечина.
Ова се случува затоа што месечавата орбита околу Земјата – која трае 27 дена, 7 часа и 43 минути – не е перфектен круг, туку елипса. Притоа се добива најблиска точка до Земјата – перигеј, и најдалечна точка – апогеј. Месецов, оддалеченоста при апогејот на месечината изнесуваше 405.554 километри, а при понеделничкиот перигеј – 357.274 километри.
Еве како изгледа визуелната промена на големината на месечината во текот на годината:
А во понеделникот, Земјата, Месечината и Сонцето се подредија во линија така што да направат супермесечината да изгледа малку посветла и поголема од обично. Според НАСА, следната супермесечина од ваков вид ќе се случи на 25 ноември 2034 година.
Доста беа техникалии, да видиме што направија фотографите ширум светот. Бизнис Инсајдер направи колекција од 20-тина фото и видео снимки, со тоа што овие се проверени дека не се фејк (а човече, има еден куп лажни по интернет).
Пекинг, Кина
Гластонбери, Англија
Њујорк, САД
Ханау, Германија
Пекинг, Кина
Лондон, Велика Британија
Бајконур, Казахстан
#Supermoon rises behind soyuz rocket a few days before Expedition 50 launch w/@AstroPeggy, Novitskiy, @Thom_astro https://t.co/PqYOnuoJ5O pic.twitter.com/Bthn49HCXV
— NASA HQ PHOTO (@nasahqphoto) November 14, 2016
Кордоба, Шпанија
Гаухати, Индија
Лос Анџелес, Калифорнија, САД
AIR7 HD captures the #SuperMoon rising over Los Angeles https://t.co/uqAZeMnBOt pic.twitter.com/lAxCRAzFwA
— ABC7 Eyewitness News (@ABC7) November 14, 2016
Лондон
Best #Supermoon pic I've seen yet. pic.twitter.com/oJZ15AemEB
— Jason Martinez (@JasonFox29) November 14, 2016
Сиднеј, Австралија
Феникс, Аризона, САД
https://twitter.com/BryanSnider/status/798037563688644608
Северна Дакота, САД
Сент Луис, Мисури, САД
The #supermoon in St. Louis (📸 by @PDPJ, H/T @MeredithFrost) pic.twitter.com/ggSRtrjBAw
— Darren Rovell (@darrenrovell) November 14, 2016
Саут Ел Монте, Калифорнија, САД
How INCREDIBLE is this shot of a plane and the #supermoon last night? pic.twitter.com/lU5NhfR04z
— Good Morning America (@GMA) November 14, 2016
Њујорк, САД
Бајконур, Казахстан
Сапоро, Јапонија