Најдобрите 10 сајтови за губење време

bored1На ваше задоволство успеавме да составиме листа од прилично интересни сајтови кои вреди да се посетат кога ќе имате повеќе време на располагање. Игри, фотографии, тестови, цртежи, бизарни работи – се е тука и спремно, доколку имате време за губење се разбира 😉

#10 Победете го Дарт Вејдер

vader1

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Интересна игра. Работата е што Дарт Вејдер сака да ве надмудри. Ќе ве праша неколку прашања, а потоа ќе проба да погоди што мислите. Неверојатно, но точен е во 80% од случаите. Пробајте!

 

#9 Нацртајте куќа

 house1

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Интересен психолошки тест. Ви даваат платно, разновидни бои и инструкции како да нацртате куќа. По цртежот вебсајтот ќе ја психоанализира вашата куќа и ќе ви каже нешто за вашиот карактер. Екстра!

 

#8 Home Run
homerun1

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Играва е смешна, глупава и апсолутно зависна! Вашата работа е да му помогнете на пијаницава да стигне што подалеку без да падне. Користете го маусот најдобро што можете!

#7 Костурот што игра

skeleton1

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Оваа марионета е вистинска интернет класика! Погледнете го овој скелет како игра и полека навлага во срцата на случајните минувачи.

 

#6 Како се ретушираат списанијата

retouch2

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Колку е болна вистината! Ова е методот на кој еден фотограф ретушира модна фотографија која изледа просечно и прави секс-бомба од девојката во примерот.

 

#5 Топ позадини

aeonflux1

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Ова е извонреден вебсајт кој содржи фантастични позадини за вашиот компјутер. Коли, девојки, класични црно-бели слики, панорами, интересни суштества, апстракции и што се не!

 

#4 Одговорете на прашањата

question1

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


На youthink.com почнувате со одговарање на едно обично прашање: Дали се сметате за креативна личност? И потоа станува интересно. Овие прашања ќе ве натераат да размислувате за општествената казна, потеклото на универзумот и природата на луѓето. Многу, многу кул сајт.

 

#3 Онлајн бесплатни игри

bookworm

 

 

 

 

 

 

 

 

 


About мрежата успеа да состави интересна колекција на онлајн игри кои може да ги преземете бесплатно.

 

#2 Досадно ми е

bored1

 

 

 

 

 


Ова е одличен сајт за губење време! Илјадници луѓе гласаат за она што мислат дека е смешно и интересно место кое би требало да го посетите на интернет. Шеги, фотографии, игри и уште еден куп работи ве чекаат на http://www.i-am-bored.com

 

#1 StumbleUpon

stumble1

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Апсолутно најдоброто место за губење време и пронаоѓање интересни и корисни сајтови. StumbleUpon овозможува да сурфате по интереси и категории и да откривате одлични веб страници. Со само еден клик може да најдете и споделите интересни страни на основа на вашите претходно внесени интереси. По Google, ова е најкорисната работа при сурфањето. Одвојте неколку минути и создадете профил на StumbleUpon, кој работи со Фајрфокс и Експлорер. Брзо ќе разберете зошто толку многу луѓе стануваат стамблери.

- Реклама -