Најдобриот рецепт за печени свински ребра

За трпеза со која ќе го израдувате секој гурман, одберете свински ребра. Научете го најдобриот рецепт за нивна подоготовка.

Состојки, за 6 лица: 2кг свински ребра, 1 главица кромид, 2 лажици свинска маст, 4 лажици кечап, 2 лажици оцет, 4 лажици лимонов сок, 2 лажици шеќер или уште подобро малку мед, 2 лажици сенф, 1 лажица сув босилок, 1/2 лажичка чили, 1 лажичка сол, 1 лажичка вегета, 1/2 лажичка бибер

Подготовка: Во солена вода сварете ги ребрата со лажичка чили, неколку зрна бибер и зачин по вкус. Кога ќе го извадите месото, намачкајте го со сенф и печете го 10-20 минути. Во текот на печењето премачкувајте го месото со сосот кој ќе го подготвите вака:

На шеќер и маст испржете го кромидот и сите останати состојки. Измешајте убаво и малку гответе го на оган се додека кромидот не омекне.

Добар апетит!

- Реклама -