Ако повеќе сакате да слушате добар албум отколку да гледате добар филм, веројатно ќе уживате во оваа селекција со петте најдобри филмови со музички приказни за 2012 година.
Searching For Sugar Man
Двајца јужноафрикански пријатели заминуваат во потрага по култниот американски музичар Sixto Rodriguez, чии текстови за постојаната борба против неправдата имале големо влијание врз расната сегрегација на нивната земја во седумдесетите години на минатиот век.
{youtube}tDw7OqVBT-w{/youtube}
Shut Up And Play The Hits
Збогување со еден од најголемите бендови од изминатите години, LCD Soundsystem. Филмот го следи нивниот последен концерт во Madison Square Garden, на кој фронтменот Џејмс Марфи плаче.
{youtube}_FAUyrFWDvw{/youtube}
Marley
Приказна за животот на реге-легендата Боб Марли, раскажана низ режисерската палка на Кевин Мекдоналд. Марли дефинитивно не беше светец, но противречностите во неговиот карактер што се прикажани во овој документарец го прават многу почовечен.
{youtube}KuIkYtYi4b0{/youtube}
Something From Nothing: The Art OF Rap
Ice T добива помош од Eminem, Chuck D и Kanye West за да ја раскаже приказната за музичкиот стил што го промени светот.
{youtube}AhwBUydknWI{/youtube}
Hit So Hard
Поднасловен како „животот и чекорот до смртта на Patty Schemel“, овој документарец ја раскажува трогателната приказна за тапанарката на алтернативниот рок-бенд Hole, но претставува и визуелен документ за клучните личности од гранџ-сцената во деведесетите години на минатиот век.
{youtube}hpLIhDHnw0U{/youtube}