Најдобрата честитка за Денот на независноста (ВИДЕО)

Поминаа 28 години откако државата ја поставивме на свои нозе, а ете е каде што е. За некои граѓани, државата од своето осамостојување константно одела напред, за други дури сега оди напред. За некои цело време назадувала, за други пропастот почнува сега. За трети, државата го играла македонското оро (три напред, едно назад), или со други зборови, многу тапкала во место.

Сепак, повеќето ќе се сложат во следново: Можеше многу подобро. Можеше, ако повеќе се мислеше на граѓаните и државата, а помалку на своите лични агенди и џебови. Можеше, ако повеќе се мислеше на конструктивна критика и кооперативност, отколку на гола борба за превласт.

Амди Бајрам. Ветepaнот помеѓу пратениците кој целата своја кариера ја помина во редовите на владејачките коалиции. Во последно време го нема во јавноста како порано. Решил „помалку да плива, за да не се yдaви“. Но, низ годините, Бајрам со своите изјави секогаш приредуваше шоу. Сепак, „немањето влaкна на јазикот“ значеше и дека Бајрам повремено ќе погоди право во суштината, кажувајќи го она што сите всушност го мислиме. Оттаму, да се потсетиме на една негова таква изјава. Нека биде тоа воедно и честитка за Денот на независноста, за сите овие години наназад:

- Реклама -