Најдена пирамида на Марс?

Насиниот ровер Кјуриосити сними фотографии од Марс, од нешто што изгледа како перфектно оформена пирамида. Очекувано, многумина се возбудени околу таквото откритие.

Пирамидата е голема отприлика колку еден автомобил, а официјалното (и многу веројатно) објаснување е дека е камена формација што добила пирамидална форма по случајност. Оние скептичните во официјалните објаснувања пак, сметаат дека „речиси перфектниот дизајн и форма“ на каменот е креација на интелигентни суштества и дека е можно да е изграден од древна Марсовска цивилизација. Некои одат и подалеку, сугестирајќи дека ние на Земјата сме потомци токму на споменатата вонземска цивилизација.

Таквото објаснување е малку веројатно, но како идеја, и не е така чудна и непромислена. Дури и познатиот астрофизичар и коментатор на науката – Нил деГрасe Тајсон, смета дека АКО постоел живот на Марс, возможно е човечкиот живот на Земјата да потекнува од таму.

Прочитајте и:  Нови снимки од Јупитер, веројатно најдобрите досега

Едно е сигурно: Најдена е пирамида на Марс.

ad_173330775[1]

- Реклама -