Најдена човечка населба стара 100.000 години во ОАЕ

алаткиПред еден месец, палеонтолози од Израел објавија дека во пештера во оваа земја биле најдени човечки заби двапати постари од остатоците на хоминиди во Африка, што беше важно откритие. Сега научници велат дека биле откриени остатоци од населба стара 100.000 години во Обединетите Арапски Емирати.

Овие откритија додаваат сомнежи за вистинската старост на Homo Sapiens и периодот во кој тој ја напуштил Африка. Алатите откриени за време на ископувањата во ОАЕ, земја сместена во југоисточниот дел на Арапскиот Полуостров, биле тестирани и нивната старост е утврдена на 100.000 години. Генетските докази наведуваат дека модерниот човек не ја напуштил Африка до пред околу 60.000 години, но овие алати се совпаѓаат со оние на нашите претци а не други хоминиди како Неандерталците.

Ако тие се дело на нашите претци, тогаш тие излегле од Африка 40.000 години порано од што треба. Но, како што посочуваат палеонтолозите кои ги откриле, теоријата со 60.000 години е изградена врз само една група докази, генетските податоци. Генетските податоци се корисна алатка, но реконструирањето на историјата на еден вид само со генетски податоци може да биде тешко – според генетските податоци, домашните кучиња беа стари 120.000 години, но понови докази посочуваат дека кучињата се стари околу 20.000 години.

Ова откритие е едно од првите големи археолошки докази са постоење на анатомски модерен човек надвор од Африка – иако сеапк блиску до Африка, што го прави реконструирањето на нивната миграција полесно. Поради тоа ова откритие автоматски станува интересно, но не смее веднаш да се напушти теоријата за 60.000 години. Ова е неверојатно тврдење, и како што вели една од најдобрите научни максими, потребни се неверојатни докази. [100,000-year-old human settlement in U.A.E. overturns what we know of our evolution]

- Реклама -