Најден митскиот тунел низ кој бегаа Евреите од Понар

ponar-1941[1]
Германски стражар ги надгледува затворениците во Понар, 1941

По 70 години, истражувачите од Вилнус, Литванија, конечно го открија долго раскажуваниот митски тунел кој еврејските затвореници го ископале за да избегаат од нацистичкиот екстерминационен камп Понар за време на Холокаустот.

Тунелот е дело на „Горечката бригада“ – група од 80 затвореници кои биле донесени во Понар во раната 1944 година, за да ги палат телата на масакрираните Евреи, со цел да се скријат доказите пред да ги најдат советските сили.

Процените велат дека околу 100.000 затвореници се егзекутирани во Понар во периодот меѓу јули 1941 и јули 1944 – а „горечката бригада“ знаела дека ако не избегаат, тие ќе бидат „шлагот на тортата од мртви тела“.

Цели 76 дена, тие копале со лажици и со раце, за на крајот, на 14 април 1944, последната ноќ од Пасха, да го комплетираат тунелот. Бил долг 30 метри, одвај 70 сантиметри широк и 63 сантиметри висок – токму доволно за еден изгладнет и абнормално слаб возрасен човек да може да се провлече низ него, вели Ричард Фрунд – професорот од Универзитетот во Хартфорд кој помогна во предводењето на експедицијата во Понар.

Штом се вдале во бегство, германските војници ги забележале затворениците. На крајот, само 11 успеале да се извлечат живи. Следната година преживеаните сведочеа пред советските власти, но досега, нивното сведоштво беше единствениот доказ за овој извонреден настан од ВСВ.

Остатоци од јамата за кремирање во Понар
Остатоци од јамата за кремирање во Понар

Претходно, истражувачите не можеа да го потврдат постоењето на тунелот бидејќи се плашеа да копаат и со тоа да ги оштетат останките закопани таму. Сега конечно го открија тунелот со помош на електрична резистивна томографија (ERT) и пенетрирачки радар (ground penetrating radar – GPR). ERT го мапира тоа што е под површината на земјата со тоа што испраќа струја во земјата и потоа го мери електричниот отпор на кој наидува. GPR го прави истото, но со радиобранови.

Фрунд смета дека, со оглед на тоа што сé повеќе и повеќе преживеани од Холокаустот умираат од старост, технологиите како овие ќе овозможат откривање и на други приказни слични на оваа со тунелот во Понар, т.е. дека науката и технологијата е новата ера во проучување на холокаустот.

- Реклама -