Често во фудбалскиот жаргон знае да се користи да се „паркира автобус“ пред сопствениот гол. Тоа е ситуација која обично аутсајдерите се бранат со сите сили. А, што тогаш да се каже за натпреварите на романскиот клуб Кјорогари за кој брани симпатичниот Даниел Бадислав! Човек-автобус паркиран пред голот!
Даниел Бадислав, кој во Романија е познат како Баронул, има 173 сантиметри и 130 килограми, но вистински професионално си ја извршува задачата на голот на четвртолигашот Кјорогари. Притоа, воопшто не крие дека неговите амбиции, од кои не сака да се откаже, се да брани за Рапид Букурешт.
{youtube}7FADgzwVIG8{/youtube}