Најчудни фрази за флертување

Најчудни фрази за флертувањеФлертот е една од основите на социјалното живеење. Во секоја различна култура, фразите за отпочнување на флертот имаат свои специфики кои се типични само за тоа поднебје, а нам ни изгледаат крајно чудни.

„Ме потсетуваш на мојата мртва девојка“ (Русија) Во Русија, на смртта се гледа поинаку отколку во западниот свет. Со оглед на нивниот став, оваа фраза звучи шармантно.

„Дали ќерка ти е толку убава колку тебе?“ (Италија) Италијанците многу често им приоѓаат на постарите жени со оваа фраза. Таму, ова се смета за симпатично, без разлика дали говорителот знае дали жената има ќерка или не.

„Имаш очи со иста боја како моето Порше“ (Германија) Германците се просто вљубени во автомобилите. Мачо имиџот во таа земја не може да се замисли без добар автомобил.

„Твое е?“ (Турција) Турците им се обраќаат на девојките со ова прашање, кое е референца на нивното тело. Звучи малку нелогично, нели?

„Омажи се за мене, за да не морам да го спуштам погледот секогаш кога влегуваш во собата“ (Обединети Арапски Емирати) Во исламската култура, непристојно е маж директно да погледне жена, доколку не е во брак со неа.

„Сакам да ти бидам крпа“ (Франција) Ова е стара фраза, која на француски јазик е прилично непристојна. На другите јазици, едноставно звучи смешно.

„Дозволено ли е да се плива гол во фјордот?“ (Норвешка) Со оглед на тоа што речиси сите фјордови се наоѓаат во Норвешка, би било многу тешко да се искористи оваа фраза на друго место на планетава.

„Пст, здраво, како си, знаеш што девојко, јас и ти одиме добро заедно, како кока-кола и лепче“ (Нигерија) Очигледно, во Нигерија, еден од најдобрите оброци е кока-кола и печиво.

„Здраво жапче“ (Полска) Адмиративите со животинско потекло се доста ценети во Полска.

„Изгледаш прекрасно вечерва, девојко, особено твоите колена“ (Ирска – галски јазик) Во галскиот јазик, фразите се преполни со традиционални моменти. Оттаму, лесно е да се замисли зошто колената се толку ценети.

„Имаш очи како крава“ (Египет) Колку и да звучи чудно, во Египет, оваа фраза е огромен комплимент.

„Благословен да е шрафот од тркалото од камионот кој ги донел цементот, песокта и чакалот со кои е направен тротоарот на кој стоиш во моментов“ (Мексико) Мексиканците обожаваат да претеруваат. А впрочем, што не е секси во градежните работи на патиштата?

- Реклама -