Секоја влада има тајни. Некои информации остануваат тајни поради безбедноста на населението, некои поради безбедноста на владата, а некои едноставно зашто се чудни или смешни. Еве ги десетте најчудни владини тајни.
Плановите на ЦИА за атентат на Кастро, со школка
Од 1960 до 1965, ЦИА создала барем осум планови за атентат на Фидел Кастро. Според извештајот подготвен во 1967 и објавен 36 години подоцна, ЦИА размислувала за употреба на пури, загаден воздух, отровни пилули, габи и шприц со отров за да го убие комунистичкиот лидер.
Еден план, чија цел била нарушување на неговиот имиџ, бил ставање на талиумова сол во неговите чевли со надеж дека ќе ја изгуби брадата. Но една идеја се истакнува над сите други: планот за убивање на Кастро со минирана школка.
Диктаторот бил љубител на нуркање па агентите планирале да постават спектакуларна школка на гребен кој тој често го посетувал. Тие се надевале дека школката ќе биде толку убава што Кастро ќе ја подигне, со што ќе активира експлозив. Дезмонд Фитцџералд, одговорниот за операции на ЦИА во Куба дури и купил две книги за карибски школки. Но планот бил оценет како непрактичен.
Џулија Чајлд
Во август 2008, Националната Архива на Америка објави десетици илјади лични документи на оние кои работеле за Канцеларијата за Стратешки Операции, претходникот на ЦИА.
Меѓу поранешните вработени била и Џулија Меквилијамс, попозната како Џулија Чајлд.
Нејзиното разузнавачко минато не било тајна, но по објавувањето многу повеќе луѓе дознале за нејзината служба за време на Втората Светска Војна.
Рецепт за интересен живот: пред да станеш експерт за француска кујна, најди средство кое ќе ги одвратува ајкулите од подводни експлозиви.
Тајните соби на Гренд Сентрал Терминал
Секој ден, стотици илјади луѓе поминуваат низ Гренд Сентрал Терминал во Њујорк. Илјадници ги посетуваат рестораните и баровите. Но во оваа железничка станица се наоѓаат две тајни области кои повеќето луѓе никогаш нема да ги видат.
На девет нивоа под најнискиот кат се наоѓа бункер познат како М-42. За време на Втората Светска Војна, бункерот наводно бил чуван од чувари со наредби да пукаат во секој што ќе се приближи, поради страв од можна саботажа додека станицата била користена во транспортот на војници.
Исто така под станицата се наоѓа и Линија 61 која не е обележана на ниедна железничка мапа. Линија 61 била изградена за богати патници кои пристигале со приватни возови и е опремена со товарен лифт кој се искачува до гаражите на хотелот Волдорф-Асторија.
Најпознатиот корисник на оваа Линија бил претседателот Френклин Делано Рузвелт, кој носел протези на нозете и се движел со количка бидејќи боледувал од полио. Неговиот личен воз имал специјален вагон за неговата лимузина.
Кога одел во Менхетен од неговиот дом во Хајд Парк во државата Њујорк, го напуштал возот во лимузината која се качувала на товарниот лифт па право во хотелот. Ова процедура била со цел да се прикрие неговата неможност да оди.
Прислушкувањето на Џон Ленон
Џон Ленон бил проблематичен. Поранешниот член на Битлс протестирал против војната, промовирал мир и дури и напишал песна наречена „Јас сум моржот“.
Значи не е чудно што ФБИ го поставиле на листа за набљудување непосредно пред Републиканската Конвенција во 1972 (за која федералците мислеле дека ќе ја наруши), му ја прекинале визата и започнале процедура за депортација, на барање на сенаторот Стром Турмонд.
За време на претседателските избори во 1972, ФБИ го надгледувале Ленон кога се појавувал на телевизија и концерти и дури ја набљудувале и ќерката на Јоко Оно од претходен брак.
Ленон не направил ништо сомнително, па ФБИ ја затвориле истрагата еден месец по изборите.
По неговото убиство во 1980 година, историчарот Џон Веинер поминал 14 години по судови со цел да го добие досието на Ленон во согласност со законите. На крајот победил, и неговите наоди се документиранит во „САД против Џон Ленон“.
Селата на Потемкин
Григори Потемкин бил руски благородник кој вршел интриги по дворовите, ги уништувал своите непријатели во степите и наводно ѝ се додворувал на Катерина Велика. Во тоа време неговото име станало синоним за нешто безначајно.
За турнејата на Катерина низ новите руски поседи во Крим во 1783 година, Потемкин се потрудил да го прикаже најдоброто од царството. Според приказната, слики од убави градови биле поставувани во далечината кај реките.
На секое застанување царицата била пречекувана од воени одреди или полиња запалени од огномет во облик на нејзиното име. Цели градови биле преместувани и дотерувани за да се покаже просперитетот кој не постоел (што подоцна придонело кон епидемија на глад во регионот).
„Потемкиново село“ означува лажна конструкција, создадена најчесто од сурови режими, со цел да се излажат и оние кои живеат во земјата и оние кои ѕиркаат однадвор.