Најчудните статии на Википедија

Повеќе...Best of Wikipedia е одличен блог кој од зилионите статии на Википедија ви ги носи оние најнеобичните. Од судски постапки против Бог до жената која ги измами докторите со најневеројатното тврдење еве дел од нивниот избор на најдобри записи на Википедија.


wikipedia-book.jpgBest of Wikipedia е одличен блог кој од зилионите статии на Википедија ви ги носи оние најнеобичните. Од судски постапки против Бог до жената која ги измами докторите со најневеројатното тврдење еве дел од нивниот избор на најдобри записи на Википедија.

Судски постапки против Бог

[[Lawsuits_against_God|Судските постапки против Бог]] се случувале како во фикцијата, така и во реалноста. Прашањата кои се разгледуваат во ваквите судски спорови го вклучуваат проблемот на злото и штетните „постапки на Бога“.

Мајката на зајаците
[[Mary_Toft|Mary Toft]] (1701–1763) била англичанка која во 1726 предизвикала контроверзи откако и успеало да ги измами докторите со нејзината приказна дека донела на свет зајаци.

Лек за инсомнија
[[The_Cure_for_Insomnia|The Cure for Insomnia]] е официјално најдолгиот филм на светот со времетрање од 5220 минути (87 часа). Филмот нема дејствие.

Brfxxccxxmnpcccclllmmnprxvclmnckssqlbb11116
[[pBrfxxccxxmnpcccclllmmnprxvclmnckssqlbb11116]] е всушност лично име наменето на едно дете кое се роди во Шведска во 1991. Родителите на ова дете решиле никогаш законски да не го крстат како протест против законот за имиња во Шведска во кој се вели: „Личните имиња кои се навредливи или засрамувачки за оној кој ги користи или оние имиња кои од некоја очигледна причина не се соодветни за лично име нема да бидат дозволени.“

Ding Hai ефект
[[Ding_Hai_Effect|Ding Hai ефектot]] е феномен на неочекуван и необјаснив пад на пазарот секогаш кога хонгконгшкиот актер Адам Ченг игра во некое ново телевизиско шоу.

Ринганксиозност
[[Ringxiety]] е термин скован од зборовите „рингтон“ и „анксиозност“. Прв го употребил David Laramie, студент во Калифорниското училиште за професионална психологија, чија дисертација ја обработувала темата на ефектите на ѕвонењето на мобилните телефони врз однесувањето. Ринганксиозноста се опишува како лажно чувство односно верување дека некој може да го слушне мобилниот дека ѕвони или вибрира, иако тоа во реалноста не се случува.

Nix против Hedden
[[Nix_v._Hedden|Nix против Hedden]] беше судска постапка во која Врховниот Суд во САД требаше да одлучи дали доматот е овошје или зеленчук заради документот за тарифи од 3 март 1883, кој барал да се плаќа такса на увезените зеленчуци, но не и за овошјето.

Погледнете и кои се 50-те најпопуларни статии на Википедија тука, а овде можете да прочитате кои се 10-те најлоши лажни статии кои се нашле на Википедија.

- Реклама -