Најчудните последни зборови на пациенти на смртна постела

Си напукал 98 години, лежиш на постела, правнучето те држи за рака, семејството ти покажува некои стари слики од убави времиња, а ти така горд си мислиш „направив доволно“ и заминуваш од овој свет во мир.

Е па не е секогаш така, а медицинскиот персонал кој е во непосреден контакт со пациентите што умираат многу добро го знае тоа. Еден корисник на Reddit ги замоли овие луѓе да споделат дел од нивните искуства околу најчудните „краеви“ што ги посведочиле. И имаат што да раскажат, богами. Ќе прочитате секакви приказни.

Поштеда

Некои луѓе во последните моменти го губат поимот за времето и почнуваат да зборуваат за нешта од минатото како моментално да се случуваат.

Еден ветеран од Втората светска војна мислел дека се наоѓа во логор и почнал да ги моли нацистичките војници за милост и да му го поштедат животот.

За среќа, еден од докторите знаел германски, па му рекол „Сé е во ред, господине. Слободни сте“, по што човекот умрел во мир.

Комичар до смрт 

Еден многу дебел пациент, кој пател од дијабетес, често се шегувал на сметка на својата здравствена состојба, иако не се ни трудел да ги промени своите навики.

Кога му ја ампутирале ногата, му се насмеал на лекарот и му рекол:

„Добри вести докторе, симнав нешто од килажата“.

Неколку минути подоцна умрел од тежок срцев удар.

Полна соба

Пациентот на смртна постела во еден момент ја прашал медицинската сестра:

„Зошто се сите овие луѓе во мојата соба?“

Сестрата инстинктивно погледнала околу себе, но само се уверила во тоа што го знаела – дека освен нив двајца, нема никој друг во собата.

Кога го вратила погледот на пациентот, тој веќе бил мртов.

Ифрит до крај

20-годишен член на улична банда, лежејќи во болничкиот кревет во очајна ситуација, соочен со својата смрт, сепак не се откажал од огоречноста од светот.

Во последните моменти од животот, мајка му на уво му шепнала дека оди кон светлото и кон Исус. Тој вратил со:

„Ме боли к*р за Исус“

Момент подоцна ја помрднал главата, викнал „Срање!“ и „Неее!“ и починал.

Семејството останало без зборови.

„Не е завршено додека не запее дебелата

Еден маж кој се опоравувал од срцев удар умрел на одделението за интензивна нега. Во еден момент се смеел и се шегувал, а неколку секунди подоцна почнала да му тече крв од устата.

„Зошто ми се случува ова?“, прашал, па умрел.

Трауми од детство

Две момчиња си играле со запалка покрај поток, баш во моментот кога пукнала цевка од нафтоводот во близина, при што дошло до голем пожар. Децата добиле тешки изгореници и во состојба на шок се однесени во болница.

А таму, едното момче, само момент пред да почине, рекло:

„Мама ќе ми се лути што ја уништив новата облека“.

Човек во црно

Постара жена на смртна постела ѝ се пожалила на сестрата дека гледа човек во црно во просторијата. Сестрата погледнала, но немало никој.

„Цел е во црно. Има црн шешир и црвени очи“, рекла жената преплашена.

Умрела истата ноќ.

Телото е скриено во шумата

Еден пациент сé до самата смрт постојано повторувал:

„Телото се наоѓа во шумата, покрај дабот“.

Хирургот веднаш ја повикал и известил полицијата, која ја пребарала шумата во близина на куќата на починатиот, но телото што тој го споменувал никогаш не било најдено.

Искрено, сакаме да мислиме дека човекот само се зезал. Има ли покул начин да се умре?

- Реклама -