Навикнати сме да ги критикуваме домашните медиуми, додека на западните често гледаме како за пример.
Сепак, и тие грешат. Сајтот Pulptastic ги селектирал најчудните и куриозитетни новински наслови некогаш појавени во весници на англиски јазик. Како што се испоставува – пишувањето на наслови не е за секого.
„Федерални агенти упаднаа во продавница, открија оружје”
„Жртвите на убиства ретко се обраќаат кон полицијата”
„Инсектите кои летаат со крилја, се летачки инсекти”
„Работник добил болка во ногата, откако на главата му паднала огромна топка“
„Републиканците не го сакаат пакетот на Обама”
„Во мртовечницата 17 лица остануваат мртви”
„Вработените открија арка во мавзолеј”
„Тајгер Вудс сака да си игра со топки”
„Помалку тинејџерки забременуваат по 25-годишна возраст”
„Бездомници преживеаја во зима: А сега што?”
„Често сексот ги зголемува шансите за бременост”
„Музички хор ги израдува глувонемите”
„Градот во немири: Од одводен канал се разнесува мирис”
„Принцезата Дијана била жива часови пред да умре”