Најчевска: Не банана, ние сме ананас држава

Фејсбук статус на проф. Мирјана Најчевска

Група пратеници предложиле итна промена на Законот за надворешни работи со која се бара за амбасадор на Македонија да може да биде именувано лице кое има и државјанство на друга држава (https://www.sobranie.mk/materialdetails.nspx…).

Групата пратеници е составена од двајца: Артан Гpyби од ДyИ и Јулиана Николова од ЛДП.

И напишале образложение дека со одредбата со која се забpaнува двојно државјанство на амбасадорите на Македонија се нарушува одредбата на Законот за државјанство според која: „Државјанин на Република Македонија може да има и државјанство на друга држава“.

И тврдат дека ова е многу минорна работа за која не треба да се расправа и која треба едноставно да се изглacа.

Само заборавиле да ги стават имињата на двајцата кандидати за амбасадори заради кои се бара промената (едниот од ЛДП и другиот од ДУИ) а кои имаат двојно државјанство и претпоставена поделена лојалност и можен конфликт на интереси и за кои може да постои многу оправдана недоверба на граѓаните дека во ситуација на глacaње за спротиставени интереси на двете држави на кои им припаѓаат ќе го изберат интересот на Македонија.

Специфичните барања поврзани со конкретна професија кои имаат логично оправдување во карактерот на таа професија не може да бидат негирани со општите одредби кои важат за сите граѓани.

А менувањето закони заради потребата да им пасуваат на конкретни луѓе е карактеристика на банана, не, на ананас држава, а не на држава која се спрема да започне процес на пристапување кон ЕУ.

- Реклама -