„Јас сега веднаш би ја ослободила Гордана Јанкуловска. Само таа имаше м*диња да не побегне туку да си отслужи казна затвор. И очигледно само таа нема испокрадено толку многу за да си обезбеди добар живот во бегство“, пишува професорката Мирјана Најчевска на Фејсбук, по повод „исчезнувањето“ на Сашо Мијалков.
„Се чувствувате како овци после ‘казнувањето’ на Артан Груби и бегството на Мијалков? Чувствувате како пополека ви расте волна по телото и како сѐ повеќе ве привлекува тревата да ја загризете така со иштав? Не се глупи граѓаните. Како за овци покажуваат исклучителна интелигенција“, пишува Најчевска исто така на Фејсбук.