Фејсбук статус на Мирјана Најчевска
Цело време зборувам дека за сѐ треба да има правила, критериуми и процедури. На тој начин се обезбедува правната логика на одредени нормативни решенија. Без нив е само во закон спакувано неправо.
Еве, на пример, поддршката на самохраните родители со сума од 6000 денари. Доколку нема други критериуми, ова е измотанција која ќе оневозможи доволно средства да добијат оние на кои навистина им требаат.
Има самохрани родители со примања од 1000 евра месечно. Има самохрани родители кои добиваат поддршка од другиот родител на детето/децата. Има самохрани родители кои живеат во прекрасни услови. Има самохрани родители на едно или на четири деца. Не е сеедно, нели?