Најчевска со анализа на предложените министри: Артан Груби нема ниту еден квалитет, тој е „хитмен“ на Ахмети

Фејсбук Статус на проф. Мирјана Најчевска

Моето мислење за до сега предложените министри во новата Влада:

Министерство за политички систем – Артан Груби

Позитивно: нема ништо позитивно во назначувањето на Артан груби на било која функција во власта.

Негативно: Тој нема ниту еден квалитет заради кој би добил било каква раководна функција. Станува збор за hitmen на Али Ахмети, задолжен за ширење на говор на омраза, поттикнување нереди и разгорување на етнички базирано нетрпение.

Министерство за внатрешни работи – Оливер Спасовски

Позитивно: не покажа отворена лакомост и не ја злоупотреби слижбената должност.

Негативно: не успеа да го врати достоинството на МВР, ниту пак да се справи со корупцијата во министерството. Нема сили да се справи со предизвиците на борбата со мафијата. Безличен и анемичен лик.

Министерство за правда – Бојан Маричиќ
Позитивно: нема ништо позитивно во назначувањето на Бојан Маричиќ на позицијата министер за правда.
Негативно: според мене станува збор за човек кој е спремен да згази се’ и да направи се’ во име на сопствената кариера. Човек кој знае да се закити со туѓи перја и да профитира врз туѓ грб. Мислам дека е многу опасен вид кој секоја материја која ќе ја допре ја претвора во потполно неупотреблива желатинозна пифтија.

Министерство за одбрана – Радмила Шекеринска
Позитивно: политичар од кариера, со два грама мозок и познавања на политичкото милје.
Негативно: како и многу други политичари кои прерано дошле на високи функции сметам дека и’ прегореле некои многу важни релеи поврзани со етиката и моралот.

Министерство за финансии – Фатмир Бесими
Позитивно: ја познава економијата и има организационо искуство.
Негативно: еден од лојалните послушници на Али Ахмети кој работи во корист на мафијата.

Министерство за економија – Крешник Бектеши
Позитивно: релативно соодветно образование.
Негативно: еден од оние чие прво вработување е висока функција во власта со биографија составена од три реда кои се однесуваат на високи државни функции. Ни по возраст ни по искуство не е соодветен за дадената функција.

Министерство за транспорт и врски – Благој Бочварски
Позитивно: соодветно образование.
Негативно: Несоодветна возраст и тесни семејни врски и интереси во област која е во директна надлежност на министерството за кое е назначен што веќе однапред создава основа за конфликт на интереси и основано сомнение за можна злоупотреба на службената положба.

Министерство за надворешни работи – Бујар Османи
Позитивно – веќе подолг период е дел од процесите на меѓународна соработка и во допир со работата на органите на управата.
Негативно – има несоодветно образование, еден од кадрите кои прерано биле ставени на високи позиции во власта и зависен од Али Ахмети.

Министерство за земјоделие – Арјанит Хоџa
Позитивно: немам информации.
Негативно: потполн анонимец кој нема врска со земјоделие.

Министерство за екологија – Насер Нуредини
Позитивно: нема.
Негативно: Бизнисмен кој е ставен на оваа позиција за да го заштити бизнисот (посебно оној на членовите на ДУИ) од бранителите на животната средина.

Министерство за труд и социјална политика – Јагода Шахпаска
Позитивно: имала барем некаков допир со проблематиката поврзана со Министерството за труд и социјална политика.
Негативно: нема друга биографија освен партиската.

Министерство за култура – Ирена Стефовска
Позитивно: потекнува од академската фела, има тесна врска со граѓнскиот сектор, нема опашки од минатото, има соодветно образование.
Негативно: нема искуство со работа со администрација и со внатрешната организација на министерството.

Министерство за здравство – Венко Филипче
Позитивно: соодветно образование, релативно добро снаоѓање во кризна ситуација.
Негативно: човек кој плива низводно без видливи способности да ги адресира организационите проблеми поврзани со здравството.

Министерство за образование – Мила Царовска
Позитивно: политичар од кариера со познавања од функционирањето на органите на управа, способна да иницира и спроведе промени.
Негативно: нема искуство во областа на образованието.

Секретаријат за Европски прашања – Никола Димитров
Позитивно: има професионално и многу практично искуство и е дел од процесот од самите почетоци.
Негативно: Еден од оние кои прерано биле поставени на високи позиции во власта што се одразува на етичките и моралните вредности кои го определуваат неговото делување.

Вицепремиер за економски односи – Фатмир Битиќи
Позитивно: соодветно образование и искуство.
Негативно: претставник на бизнис заедницата кој бил и е поврзан со Стопанската комора.

Вицепремиер за борба против корупција – Љупчо Николовски
Позитивно: соодветно образование, нема опашки и нема злоупотреби во вршењето на досегашните должности.
Негативно: еден од оние кои прерано дошле на висока функција во власта, под големо влијание на Заев и без некои видливи резултати во областа во која до сега имал раководна функција.

- Реклама -