Најбрзиот човек го посвои најбрзото животно

ЈусејнВо една акција за зачувување на загрозените животински видови во Кенија, Јусејн Болт посвои сираче гепард и го именува според еден од своите прекари Lightning Bolt (Гром). Малиот гепард ќе живее во резерват во Најроби, а Болт ќе ја има обврската да плаќа за неговото одржување. Сосема нормално е што светскиот рекордер одбра да посвои животно кое еден ден ќе може да го наттрча… веројатно со голема разлика.

Јусејн Болт во една хуманитарна акција во Најроби, Кенија, посвоил гепард сираче. Акцијата е во насока на зачувување на загрозените животински видови во таа земја, а за привилегијата да му биде „очув“ на малото гепартче, Болт платил 13700 долари и ќе мора да плаќа по 3000 долари годишно за неговиот престој во резерватот во кој ќе живее.

Светскиот рекордер го именувал својот штитеник по еден од своите прекари Lightning Bolt (Гром), се сликал со него, дури и го нахранил, давајќи му млеко од шише. Сепак, првично планираниот настан за привлекување публицитет – средба на светскиот редордер со возрасен гепард била откажана затоа што Болт не сакал да си го ризикува животот.

Сосема природно е што Јусејн Болт се одлучил да посвои животно кое штом ќе порасне ќе може лесно да го претрча. Како што еднаш пишавме, припадник на овој вид животни е светскиот рекордер на 100 метри за копнени животни, со резултат од неверојатни 6 секунди и 13 стотинки.

- Реклама -