Најбрзиот гол во историјата постигнат во Белград (видео)

Младиот српски фудбалер Вук Бакиќ, член на нисколигашот Полет, ќе остане веројатно забележан како стрелец на најбрзиот гол во историјата на фудбалот, барем според досегашната евиденција во светскиот фудбал.

Бакиќ на локалниот дерби дуел на неговиот тим против Дорчола во Втората младинска лига на Србија се одлучи да шутира кон противничкиот гол веднаш по судискиот свиреж за почеток на дуелот и официјално во 2. секунда погоди за 1:0.

{youtube}hW8xI20iDgE{/youtube}

Интересно е што ова не е прв ваков гол на младиот Бакиќ. Минатата сезона исто така на првенствен натпревар се одлучи да шутира од половина терен веднаш на стартот на дуелот, но тогаш голот го постигна по две додавања од соиграчите во десетата секунда од средбата.

- Реклама -