Според новиот извештај на Oxfam, 85-те најбогати луѓе на светот, заедно поседуваат богатство колку половина (околу 3.5 милијарди луѓе) од светската популација.
Во извештајот, исто така, се наведува дека најбогатиот 1 процент од луѓето, поседува 65 пати повеќе богатство од најсиромашните 50 проценти. Нивното богатство се проценува на 110 трилиони долари.
Со други зборови, 1 процент од луѓето поседуваат дури половина од светското богатство.
Дека овие факти треба да ги загрижат и оние во развиените земји, доказ е тоа што во САД, најбогатиот 1 процент приграбил 95 проценти од пост-финансискиот раст од 2009-тата, додека најсиромашните 90 проценти станале уште посиромашни. Што би се рекло – богатите стануваат побогати, а сиромашните посиромашни, и тоа на глобално ниво.
Меѓу другите наоди, во извештајот се наведува:
- 7 од 10 луѓе живеат во земји во кои економската нееднаквост расте во последните 30 години.
- Најбогатиот еден процент од богаташите го зголемил својот профит во 24 од 26 земји, во периодот од 1980-та до 2012-тата.