Со желба да го прослави крајот на годината која беше обележана со рецесија и економска криза, една англиска финансиска веб страница објави листа на најбизарните совети како да се заштедат пари.
Со желба да го прослави крајот на годината која беше обележана со рецесија и економска криза, една англиска финансиска веб страница објави листа на најбизарните совети како да се заштедат пари.
Составувачите на листата ги советуваат читателите да ги испраќаат децата за време на вечерата кај пријателите и комшиите или на ѓоновите на папучите да залепат парчиња од теписон за да не мора да трошат пари за килими. Големо заштедување на струјата можат да се постигне со исклучување на ѕвончето на вратата кога не сме дома, со „шверцување“ од задната врата на автобусот наместо да се плаќа карта, но и со читање на возбудлива статија која го крева притисокот, а со самото тоа и температурата на телото со што греењето нема да биде потребно.
Исто така, се советува и собирање на секоја паричка и се дава пример со еден брачен пар кој за време од 12 години ги собирал сите ситни пари кои можел да ги најде и заштедил 369.000 фунти. Со бањање еднаш годишно се заштедуваат многу пари, а ако тоа го правиме во пар заштедата е двојно поголема. Не е на одмет и да се избегне пуштањето вода секој пат кога користиме тоалет. На листата се најде и совет за производство на алкохол во домашни услови бидејќи така се штедат пари, но исто така се намалуваат трошоците за кирија кога „произведувачот“ ќе заврши во болница на одвикнување од алкохолот на сметка на социјалното.
„Ова се најсмешните совети за штедење пари кои ги добивме од нашите читатели“, рече портпаролот на веб страницата lovemoney.com, кој додаде дека иако некои од советите се бизарни, тие не се потполно бескорисни.