Најбизарни зимски спортови (видео)

Сеедно дали ја сакате зимата или не, снегот ни пружа безброј можности за забава – од класични и бизарни, до олимписки активности и спортови. Ако ви е доста од скијање време е да пробате други опции.

Едрење на мраз

Да речеме дека среде зима сте посакале да едрите, но езерото во вашиот крај се замрзнало, а немате море во близина. Нема проблем. Може да едрите и на мраз. И не, нема да ве сметаат за чудак зошто овој спорт во светот е многу познат. Принципот е отприлика ист како кај обичното едрење, но со посебно изградени едрилици кои се лизгаат по замрзнатата површина.

[youtube]http://youtu.be/QmWM1CsMw7Q[/youtube]

Пливање во студено езеро

Тука повеќе станува збор за вежба за физичка издржливот и сигурно не е за оние со слабо срце. Освен физичката подготвеност, пожелна е и одредена доза на храброст затоа што кога во костим за капење ќе излезете на минус температури, тешко дека ќе ви биде сеедно и дека со леснотија ќе скокнете во вода.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

[youtube]http://youtu.be/YxpUEcxIo-Y[/youtube]

Фрлање во смрзнат кал

Јапонците се светски прваци кога се во прашање бизарните работи во што се вбројува и нивниот фестивал во фрлање во смрзнат кал Илити Даирокутен но Хадака Матсури што се одржува секој февруари.

[youtube]http://youtu.be/M06dAWdNw9c[/youtube]

- Реклама -