Најавен прототипот на првиот турски летечки автомобил

Турскиот производител на дронови „Бајкар“, денеска го најави прототипот на летечки автомобил, кој доколку се произведе, може да стане прв од ваков вид во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).

Главниот технолошки директор на компанијата, Селџук Бајрактар, истакна дека компанијата веќе осум месеци работи на техничките цртежи, идејното дизајнирање, тестирањето, на деталите и на производството на прототипот.

Летечкиот автомобил „Џезери“ се очекува да биде завршен овој септември и да биде претставен на најголемиот турски саем за аеровселенска технологија „Технофест“.

Автомобилот го носи името на познатиот исламски инженер Ал Џазари, кој живеел помеѓу 1136 и 1206 година.

Бајрактар, исто така започнал анкета за избор на една од четирите различни бои за прототипот.

Компанијата „Бајкар“ е основана во 1984 година, произведува вооружени и невооружени беспилотни летала, контролни системи, симулатори и системи за авионика.

- Реклама -