Во склоп на третото издание на филмскиот фестивал “Преку езерото“ во чест на легендата на македонскиот и балканскиот филм, од ова година ќе се доделува единствена “НАГРАДА МЕТО ЈОВАНОВСКИ, за Извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот“.
„Почитувањето на делата и личностите на оние пред нас, се првата и последната работа што треба да ја направиме за да не почитуваат и оние кои доаѓаат по нас“, велат организаторите на фестивалот.
Во изминатите денови нов мурал со ликот на големиот уметник е насликан на еден од ѕидовите на Кинотеката на Македонија. Токму пред овој прекрасен мурал ќе биде споделено името на првиот лауреат на оваа награда.