Нагласувањето на мебелот или само на некои детали може целосно да го промени изгледот на просторијата. Визуелниот трик ќе допринесе ентериерот да изгледа како нов. Оставете да ве води имагинацијата.
Смели комбинации
Дневната соба ќе добие нов имиџ покрај цветни драпери во силни бои во еден дел од просторијата. Истиот ефект ќе можете да го постигнете и со смели тапети на еден од ѕидовите. Одличен детал за освежување на белиот амбиент.
Геометрија
„Облечете“ ги фотељите во интересен геометриски штоф. Одберете материјал кој се разликува од софата за седење и направете нов амбиент. Сигурно ќе ви годат промените.
Цветни скалила
Насликајте ги целите скалила или декорирајте ги со тапети. Дозволете си мал раскош и разноликост во вашиот дом. Поиграјте си со ентериерот.
Колоритно
Не постои правило дека во тоалетот плочките мораат да бидат во иста боја, или правилно подредени. Користете две или три нијанси во исти големини и направете ја поделбата. Со сигурност ќе изгледа убаво и креативно.
Совет плус
Префарбајте ја влезната врата во нова нијанса. Користете широк спектар на бои и сменете го обичното секојдневно руво. Избегнете го клишето и одлучете се за смели варијанти и колорит.
Украсете го креветот
Сменете ги навлаките на перниците во креветот во спалната соба. Изберете материјали со впечатлив дезен и бои. На овој начин и обичната бела постела ќе изгледа супер модерно.