Честопати сакаме да пишуваме за хуманоста, за тоа колку е добро човекот да е хуман и колку е волшебно чувството кога ќе направиме некој гест…
Сепак, сега нудиме неколку начини да бидеме сите хумани на дело, тука и веднаш.
За секоја пофалба се дечеките од Здружението „Хуманост без граници“ кои својата љубов кон хуманоста секојдневно ја стимулираат и ја шират преку дејноста и проектите кои ги поддржуваат. Со нивна помош погледнете неколку луѓе за кои би можеле да направите нешто добро.
Младиот Дарио Митров има потреба од наша помош
Тој на ден 02.09.2013, на тренинг, се здоби со повреда на десното око при што му е константирано одлепување на ретина – периферно со дупки на ретина.
Клиничкиот конзилиум на ЈЗУ Универзитетската Клиника за Очни болести од Скопје констатира дека итно му е потребна операција во Бугарија, каде што докторите гарантираат за подобрување на неговиот вид.
Доколку сакате и Вие да ја поддржите оваа хуманитарна акција и да му помогнете на Дарио, донирајте 100,00 денари од мрежата на T-mobile на телефонскиот број 070/143-112.
Апел за помош на петчлено семејство
На е -маил адресата на donacii.mk пристигнало барање за помош на петчено семејство кои имат потреба од помош.
„Имено, мајката ни ја раскажа нивната приказна: таа невработена, сопругот ја изгубил работата откако се повредил на работното место и сега не е во состојба да го прехрани семејството. Со три сина од 10 до 17 години, мајката единствен начин да му овозможи на семејството нормален живот засега наоѓа во нашата хуманост.
Секаква помош е добредојдена- во облека, обувки, пари, храна… Почитувајки ја нејзината желба за анонимност, сите кои сакаат да помогнат можат да не контактираат на нашиот мејл : mail@donacii.mk, каде како одговор ке го добијат телефонскиот контакт од мајката која побара помош“, пишуваат „донации“.
Апел за помош на Дукадинка Рајчиноска
РОДИТЕЛИТЕ НА ПРВОТО ДЕТЕ НА КОЕ МУ Е ИЗВРШЕНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА ОЧАЈНО БАРААТ ПОМОШ
Сиромаштијата ќе и го изеде донираниот бубрег
Двајцата родители на Дукадинка Рајчиноска се невработени, а за да го сочува бубрегот што и го донирала мајка и мора секој месец да дава 4.000 денари плус трошоците за редовните месечни контроли на клиниките во Скопје
На 17-годишната Дукадинка Рајчиноска од струшкото село Мислешево, првото дете на кое пред три години му е извршена успешна трансплантација на бубрег во Македонија, сега сиромаштијата и се заканува повторно да и го одземе донираниот бубрег.
жиро сметка: Охридска банка – 530 5000 11345853 -За Дукадинка Рајчиноска
Комуникација со Илче, родителот на Дукадинка, може да се оствари преку тел: 078 447 977
Апел за помош на Викторија Андовска
Андовска Викторија е родена 2007 година,кај неа е дијагностициран миелодиспластичен синдром (Syndroma Myelodisplasticum) и за која е неопходно итно спроведување на алогена трансплатација на хематопоетски матични клетки од идентичен дарител.
За спроведување на лекувањето на фамилијата и се потребни дополнителни финансиски средства….
Сметка за донација:
НЛБ Тутунска Банка АД Скопје.
број на жиро сметка: 210-5016258014.32
име на примач :Златко Андовски
Цел на дознака: За Лекување на Викторија Андовска…..
ОДНАПРЕД ВИ БЛАГОДАРИМЕ !!!
Текстот е објавен вос оработка со donacii.mk