„Сфатив дека Ирак е многу подобар од овде, гледајќи ги условите во кампот. Едноставно, ми беше пологично да се вратам во Ербил“, раскажува Мохамед Азиз Кадир.
Мохамед е еден од ирачките Курди кој не успеал да пронајде среќа во Европа, бидејќи како што вели, никој не го дочекал со раширени раце и на секој чекор чувствувале дека не се добредојдени.
„Кога конечно дојдов до бегалскиот камп во близина на Берлин, бев шокиран со разликата во однос на она што го очекував. Сите не гледаа како граѓани од втор ред, не нè почитуваа. Кога се шетавме низ градат не покажуваа со прст и не третираа како бегалци“, раскажува Кадир.
Иако Германија е главна дестинација за оние кои доаѓаат во Европа, минатата седмица беше организиран лет за 50 курдски Ирачани кои се вратија во градот Ербил, каде што живееле и пред да заминат во Европа.
Кадир вели дека поминал два и пол месеци во бегалскиот камп и дека се изнагледал сешто.
„Сфатив дека во Ирак е многу подобро од овде, гледајќи ги условите во кампот. Едноставно, беше сосема логично да се вратам во Ербил“, вели Кадир.
И додека Кадир има дом каде да се врати, другите бегалци како Наваф Алиас во Ирак немаат ништо освен шаторот во бегалскиот камп. Сепак, ни тоа не го спречило да му заврти грб на неговиот европски сон.
Алиас вели дека и во Ирак бил сместен во бегалски камп, откако ИД го завземала неговото село.
„Германската Влада ни даде 540 евра за мене и синот, но тоа едноставно не беше доволно. Син ми беше исплашен и тажен затоа што ги остави во Ирак пријателите. На крајот одлучив сепак да се вратиме дома, па макар и во оној шатор во бегалскиот камп“, раскажува тој.
Беше навистина прекрасно како ме дочекаа моите во селото. На сите им беше мило што не гледаат. Седевме долго во ноќта, пиевме и разговаравме за тоа што ни се случило на патот кон Европа. Сепак, некои работи немаат цена“, вели Алиас.