За „модерното војување“ преку партиски соопштенија на најголемата владејачка и опозициска партија, веќе еднаш пишувавме.
Во меѓувреме, забавата продолжува. Првиве се забавуваат со тоа што упорно одат пред седиштето на вторите (дури и на дожд). Вториве се забавуваат со тоа што посветуваат серизно време да му направат ремикс на портпаролот на првите.
Граѓаните гледаат од страна и се смеат, зашто инаку ќе им се плаче.