На вас не ви оди, а вашите пријатели уживаат како да се на почеток на врската? Еве зошто

Ако сакате да постигнете најдобар можен однос со вашиот парнер, не очекувајте тоа да се случи благодарение на судбината или среќна случајност.

Паровите кои имаат долга, добра врска, за тоа можат да се заблагодарат на трудот кој го вложуваат во врската, а еве кои седум работи брачниот советник д-р Џим Валкуп тврди дека сите парови треба да ги почитуваат.

Поминувајте време заедно

Навистина е неверојатно колку парови поминуваат малку квалитетно време зедно. И покрај забрзаниот начин на живот и обврски, најдете време еден за друг. Ако треба, внесете го тоа во календарот и бидете сами. И разговарајте. И дружете се.

Знајте го љубовниот јазик на својот партнер

Овој дел е исклучително важен. Често пати луѓето имаат сосема различни јазици во љубовта. Ако не го знаете на вашиот партнер, прашајте го што вие до сега сте направиле за тој да се чувствува најсакано. Можеби вие мислите дека тоа е кога ќе му испечете торта, а тој да мисли кога му дозволувате да спие подолго во недела наутро.

Два пати дневно дадете си долги прегратки

Одвојте по барем 20 секунди за да се прегрнете силно и цврсто, како да не постои утре. Зошто баш 20 секунди? Затоа што толку време е потребно окситоцинот да „проработи“, а тој ќе ви даде убаво чувство дека се е убаво. И чувството ќе ве поврзе со партнерот повеќе од било кога.

 Љубовта не доаѓа – Што е потребно да направиме за повеќе среќа

Научете да слушате (без прекинување)

Ништо не кажува „те сакам“ толку силно како кога ќе го сослушате вашиот партнер она што го зборува. За своите мисли, чувства, па и стресниот ден на работа. Но, автентичното слушање е нешто со кое доста луѓе се мачат, бидејќи тоа значи дека треба да исклучите се околу себе и целосно да се посветите на партнерот. И не, не морате на парнерот да му кажете што да прави, само дајте му до знаење дека сте го сослушале и дека го разбирате како се чувствува.

Меѓусебно информирајте се она што ви се случува во животот

Како ќе знаете кога треба нешто да прославите или преболите ако тој не ве информира што му се случува во животот?! Сите ние треба и сакаме да дојдеме дома кај личност која размислува за нас додека се соочуваме со проблеми од секојдневниот живот. Ако знаете дека вашиот партнер се грижи за вас, ќе се чувствувате сигурно, ценето и задоволно.

Планирајте заедничка иднина

Ова вклучува секс, дружење со пријателите и поминување на време само вие двајца. Ако секој месец го планирате заедно, ќе ги зголемите шансите вашата врска добро да се развива.

Најдете утеха еден во друг

На секого му е потребно некој вид на смирување повремено. Не чекајте еден од вас тоа да му притреба за да му покажете дека вие сте „тука“. Понекогаш изјавите љубов на својот партнер без никаква причина, бидејќи ништо не дава такво чувство на сигурност во врската кога ќе слушнеме на кои сите начини партнерот не цени.

Фокусирајте се на она што го сакате повеќе

Листата погоре со наведени навики е за двојките да се научат да се фокусираат на она што моментално им се случува во нивната врска. Затоа, дадете комплимент наместо критика. Длабоко во себе сите ние сакаме некој да ни каже дека не сака токму поради такви какви што сме.

- Реклама -