Свеченото доделување на признанијата Супербрендс во Македонија се одржа во среда, 10 декември, во просториите на Сити Хол, Скопје. Повеќе од 150 поканети од светот на бизнисот, маркетингот, медиумите и естрадата, претставници на организацијата Супербрендс како и легендарниот актер, режисер, музичар и продуцент Раде Шербеџија присуствуваа на оваа единствена прослава на брендингот. Пазарните марки кои ја добија престижната титула Супербренд Македонија 2013/14, примија признание за извонредниот успех.
Maкедонски супербрендови за оваа година се: Адора Инженеринг, Акцент Компјутери, Авицена Лабараторија, Backstage, DHL, Eлена Лука, Еуро фарм, Еуроимпекс, Еуролинк, Хот-Хот, Идеа Плус, Коузон, Кристал, Монтенегро, Плива, Пропионт, Ре Медика, Секјуриком, Семос, Скопски Саем, Солета, Витаминка, Теа Модерна, Театар Комедија, Телекабел, Трансмет, Универзитет за туризам и менаџмент, Влатко Стефановски, Здравје Радово, Жито Лукс.
“Најдобрите пазарни марки во Македонија повторно се крунисани со глобалната награда Супербрендс. Супербрендс знакот не е само декорација на производот, туку званично признание на пазарната марка и шанса на компаниите да освојат нови потрошувачи и да ја задржат лојалноста кај постоечките. Тоа во прв ред е признание за минатиот труд, но претставува голема одговорност за идниот раст и развој“ изјави Зоран Саздовски, директор на Супербрендс за Адриатик регионот.
Свеченото доделување на дипломи, го заокружува третиот по ред избор на македонски супербрендови, што започна со селекцијата на стручното жири уште во почетокот на 2013 година. Повеќе од 1000 домашни и меѓународни брендови, распоредени во 27 категории, се наоѓаа на списокот на финалисти кој е издготвен во соработка со водечките маркетиншки и агенции за испитување на пазарот. За најдобрите се гласаше врз основа на квалитет, сигурност, препознатливост и емотивна приврзаност. Во процес на одбирање, покрај стручното жири, учествуваа и преку 8.000 потрошувачи.
Пазарните марки кои го добија престижното Супербренд признание оваа година, уште еднаш докажаа дека квалитетот, препознатливоста, долговечноста и емоционалната поврзаност со потрошувачите дефинитивно ја надоградува вредноста на брендовите и гарантираат опстанок и конкурентност на домашниот и странскиот пазар.
На свеченото доделување беше претставено и најновото издание на Супербренд публикацијата. По прв пат оваа година, Супербрендовите од Адриатик регионот, обединети се во заедничка публикација и имаат единствена можност својот успех да го презентираат на пазарите во регионот. Супербренд публикацијата нуди многу фасцинантни увиди во тоа како поедини брендови настанале: често од скромни почетоци, до моќни брендови како што се денес.
Меѓународната организацијата Супербренд е единствен глобален и независен авторитет во сверата на брендингот. Присутна е во преку 90 земји ширум светот и има за цел да ги идентификува водечките брендови на секој поединечен пазар како и да ја промовира дисциплината на брендингот. Организацијата, моментално соработува со повеќе од 15.000 пазарни марки од различни области. Реномираните светски брендови како што се: Coca-Cola, DHL, Google, IBM, McDonald’s, Microsoft, Wrigley и многу други, активно го употребаваа стекнатиот статус и знак во своите промотивни активности ширум светот.