Сораја Вучелиќ или ќе треба да ги смали градите, или да почне да купува гардероба која не е тесна. Старлетата снимаше едиторијал за едно списание, но поради нејзините бујни гради остана полу-гола, бидејќи ѝ пукна копчето од тесното сако.
Додека нејзиниот стилист и фризер Пеџа Божиќ ги вршел последните подготовки и ја местел нејзината фризура, шминка и гардероба, Сораја не успеала да ја „собере“ во сакото под кое не носела долна облека.
– Не ми беше непријатно, затоа што веќе сум позирала гола за многу светски списанија, но ова фотографирање беше сосема поинаков потфат, па овој „неочекуван инцидент“ на сите ни изнуди смеење- рекла Сораја.