Целта на зголемување на Г точката е поинтензивно уживање во сексот и доживување на повеќекратен оргазам. А цената на таквиот зафат воопшто не е евтина.
Се чини дека операциите на градите, усните и липосукцијата се старомодни, а нов хит во естетската хирургија е зголемување на Г точката. Додека се прашувате зошто некој би го направил тоа, одговорот е дека добриот, а можеби и повеќекратниот оргазам може да стане реалност.
Зголемувањето на Г точката е зафат во текот на кој во чувствителното ткиво сместено на предниот дел од вагината се вбризгува хијалуронска киселина, а во Велика Британија чини околу 600 фунти.
Меѓутоа, лекарите предупредуваат дека ова не е безопасен зафат особено ако се земе предвид дека делувањето на Г точката воопшто не е (едногласно) потврдено со научни докази.
Како и да е, кога е во прашање Г точката во медицинските кругови се водат полемики. Додека некои од последните истражувања го потврдуваат нејзиното постоење и функција, други го демантираат.
Сепак, тоа не ги спречува жените во потрагата по оргазам да искешираат 600 фунти за зголемување на Г точката, која се проучува од четириесеттите години на минатиот век, кога нејзиното постоење прв го воочил германскиот гинеколог Ернс Графенгберт (точката на Графенгберт).