На 14 мај во Тел Авив, Израел, почнува овогодинешниот Евросонг. Веќе знаете, ќе нè претставува Тамара со песната „Proud“, што во превод значи „горда“. А на што е горда Тамара?
Во конкретниов случај, горда е на Нина Костовска, која е лице со Даунов синдром, но и пример, како што вели Тамара, за тоа дека можеш сè да постигнеш во животот ако имаш голема желба и веруваш во себе. Кога Нина се родила, докторите им порачале на нејзините родители да не очекуваат премногу од неа. Денес, меѓутоа, Нина подучува професори и социјални работници околу тоа како треба да се однесуваат со децата со посебни потреби.
…А Тамара успеа и тоа како да ја изненади и израдува, па освен на Нина, заслужено може да биде горда и на себе.