Познатата водителка Николина Пишек Ристовиќ е во осмиот месец од бременоста, а моментално живее на релација Белград – Загреб, со цел и во двете земји да подготви соби за доаѓањето на бебето на овој свет.
Николина наводно ги превземала врз себе сите обврски за доаѓањето на девојчето.
Во одмиот месец таа изгледа како воопшто да не е ни бремена.
Прочитај повеќе: Во осмиот месец од бременоста Николина Пишек изгледа како да не е бремена
„ Николина се одмара, го работи она што го сака и се подготвува да стане мајка. Ги набавува потребните работи, ги уредува детските соби во Белград и Загреб. Се во врска со доаѓањето на девојчето превзеде на себе, па така и уредувањето на нејзиниот животен простор. Инаку, откако остана бремена, таа воопшто не е нервозна и секогаш е насмеана“, вели извор близок на водителката за српските медиуми.
За Николина и Видое Ристиќ ова ќе биде првото заедничко бебе, со оглед на тоа што Николина веќе има 17 годишна ќерка од претходната врска, а Видое 5 годишна ќерка.