Британскиот уметник Том Бејкер стана познат по своето необично хоби: тој создава зачудувачки слики на прозорците со помош на спреј со вештачки снег.
Неговата работа беше толку добро прифатена што тој набрзо започна да добива многу нарачки, најпрво од блиски пријатели, а потоа и од многубројни организации.
Сепак, му симнуваме капа за она што го прави во една детска болница во Велика Британија, разубавувајќи им го престојот на оние кои се принудени празничните денови да ги поминат таму.
Работата на Том е многу специфична. Тој е единствениот во светот кој работи со помош на оваа техника
За изработката на снежните дела користи само вештачки снег и сува четка
Бејкер создава уникатно дело на секој прозорец
Уште поимпресивни стануваат прозорците навечер, кога се соединуваат со уличното осветлување
Персоналот и децата биле воодушевени од новиот изглед на детската клиника.