На предлог на ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ, Царината ќе добие втор заменик-директор

Бобан Карапејовски, пратеник од ЗНАМ, вели дека законското решение, генерално, е на барање на Царинската управа. Со овој предлог, како што вели во изјава за „360 степени“, се дорегулира начинот на управување, со цел поефикасно и поефективно работење на оваа институција. Неофицијално, законските измени се прават за заменик-директор во Царината да стане кадар на ЗНАМ, кој во моментов е советник на генералниот директор.

Колку ваквото предлог-решение е во духот на она што сегашната власта го ветуваше во предизборието, кога се најавуваше реорганизација на институциите. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тогаш најавуваше дека она што граѓаните најмногу ги интересира е намалување на позициите и на измислените улоги во рамките на институциите, како укинување на позицијата заменик-директор

Царинската управа ќе добие втор заменик-директор, доколку се изгласаат измените на Законот за Царинска управа, предлог на група пратеници од мнозинството, од кои повеќемина се од ЗНАМ на Максим Димитриевски. Според предлагачите, со законското решение кое веќе се наоѓа во собраниска процедура, се доуредува раководната структура во институцијата со цел да се овозможи подобро вршење на работите во неа.

Предлагачи се пратениците Бобан Карапејовски, Даниела Белимова, Миле Цеков и Павле Арсовски од ЗНАМ, Бојан Стојаноски, Жаклина Пешевска, како и Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ.

Како предлог-измените ги објаснуваат од ЗНАМ?

Колку ваквото предлог-решение е во духот на она што актуелната власт го ветуваше во предизборието, кога се најавуваше реорганизација на институциите. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тогаш велеше дека она што граѓаните најмногу ги интересира е намалување на позициите и на измислените улоги во рамките на институциите, како укинување на позицијата заменик-директор во установите.

Бобан Карапејовски, пратеник од ЗНАМ вели дека законското решение, генерално, е на барање на Царинската управа. Со овој предлог, како што вели во изјава за „360 степени“, се дорегулира начинот на управување, со цел поефикасно и поефективно работење на оваа институција.

„Царинската управа се соочува со зголемен обем на работа и се надеваме дека на овој начин ќе се помогне за подобро реализирање на работите што се во рамките на нејзините ингеренции. Предлогот на законот не предизивикува финансиски импликации по буџетот на државата“,

вели тој.

На прашањето колку овој предлог-закон соодветствува со она што го говореа во кампањата за парламентарните избори, во насока на укинување на заменичките функции, Карапејовски вели дека духот на предлогот е на линија со нивните предизборни ветувања дека ќе се залагаат за подобро функционирање на институциите за да бидат подобар сервис на граѓаните.

Неофицијално, законските измени се прават за заменик-директор во Царината да стане кадар на ЗНАМ, кој во моментов е советник на генералниот директор.

СДСМ: Нема пари за работниците, има за втор заменик во Царина

Од Социјалдемократскиот сојуз вчера излегоа со сопштение во кое реагираат за поставувањето на двајцата заменик-директори на Царинската управа. Посочуваат дека наспроти бомбастичните најави за рационалност и намалување на позициите, власта штанца директорски позиции само заради задоволување на партиски апетити. Бараат ВМРО-ДПМНЕ да го повлече, како што велат, катастрофалниот закон.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ветуваа намалување на заменичките места, на двојните директори, а во Царина сакаат да воведат уште еден, втор заменик-директор. Ете такви законски измени предлагаат ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието. Малку им се министри, заменици, директори, раководители, па си измислуваат позиции заменик на заменик-директор. Досега вакво нешто не е видено, ниту чуено, Царина да има директор, заменик-директор и уште еден, втор заменик-директор. Кого ќе менува вториот заменик во Царина? Директорот, заменик-директорот или самиот себе“,

прашуваат од СДСМ.

Оттаму велат оти е очигледно дека коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ се гладни, па освен за „Вреди“, треба да има заменик-директор и на ЗНАМ.

„Нема пари за работниците, ама има пари за нови измислени позиции“,

велат од опозицијата.

Кон крајот на јуни, на директорското место на Царинската управа беше поставен Бобан Николовски, кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, додека на позицијата заменик-директор дојде Гарип Каба од редовите на „Вреди“.

За време на формирање на новата влада, тогаш мандатарот Мицкоски најави дека повеќе нема да има организациски или т.н. економски директори во здравствените установи. Следен чекор, рече тој, е укинување на позицијата заменик-директор, каде што постои.

- Реклама -